+389 (0)2 3109 956 info@gefsgpmacedonia.org.mk

ПОКАНА ЗА ЗАВРШЕН НАСТАН НА ПРОЕКТ

Почитувани,

Ни претставува чест и задоволство да Ве поканиме да земете учество на завршниот настан на проектот  Промоција на знаења и лекции од проекти и проектни активности на ГЕФ ПМГ за совесно управување со отпад од пластика/цврсти материјали и промоција на кружна економија  кој ќе се одржи на 18 декември, 2023 г., во НУБ „Климент Охридски“, во Скопје со почеток во 11:00 часот (регистрацијата започнува во 10 и 30 часот).

За време на настанот ќе бидат презентирани  напредокот и промените во управување со отпад што се постигнати од страна на грантистите на ГЕФ ПМГ од централна област хемикалии за периодот од 2005 до 2023г.

Би Ве замолиле да го потврдите Вашето учество најдоцна до 16 декември, 2023 година, на следниот линк: https://forms.office.com/e/0g021S6KRj или на maja@mkm.mk  

НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМСКА СТРАТЕГИЈА ЗА ОПЕРАТИВНА ФАЗА 7 (O Ф7)2020-2024

НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМСКА СТРАТЕГИЈА ЗА ОПЕРАТИВНА ФАЗА 7 (O Ф7)2020-2024

Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) е основан во октомври 1991 година, со цел да ја поддржи заштитата на глобалната животна средина и да промовира одржлив развој на животната средина, преку обезбедување финансиска и техничка поддршка на оние земји квалификувани како подобни за спроведување на проекти корисни за глобалната животна средина. Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), Програмата за животна средина на ОН (UNEP) и Светската банка (WB) беа трите почетни партнери. На Самитот за Планетата Земја одржан во Рио де Жанеиро, во 1992 година, ГЕФ беше реконструиран во финансиски механизам, истовремено и за Конвенцијата на ОН за биолошка разновидност (биодиверзитет) и за Рамковната конвенција на ОН за климатски промени. Последователно, ГЕФ, исто така, беше избран да служи како финансиски механизам за уште три меѓународни конвенции: Стокхолмската Конвенција за неразградливи органски загадувачи (2001), Конвенцијата на ОН за борба против опустинувањето и Конвенцијата од Минамата за жива (2013). ГЕФ ги поддржува проектите за биолошка разновидност, климатски промени, меѓународни води, деградација на почвата, озонска обвивка и за неразградливи органски загадувачи. Овие проекти ги поврзуваат локалните, националните, и глобалните еколошки предизвици, додека истовремено промовираат одржливи живеалишта. Соединувајќи 182 земји членки, ГЕФ тесно соработува со владите, граѓанските организации (ГО), секретаријатите на конвенцијата, како и со разни меѓународни агенции. За ГЕФ е особено важна соработката со граѓанските организации, бидејќи нивните проекти и политики имаат огромна корист од разновидноста на мислења, искуства и перспективи. Тој се разви во ефикасен и транспарентен ентитет со забележан цврст учинок фокусиран на резултати.

Програмата за мали грантови (ПМГ) е основана во 1992 година, како корпоративна програма на ГЕФ, со цел да придонесе за заштита и обнова на животната средина преку поддршка на локалното население и промовирање на локални активности кои ќе одржуваат фина рамнотежа помеѓу социјалните, економските и еколошките императиви. ПМГ ја признава деградацијата на животната средина, како што се уништувањето на екосистемите и видовите кои зависат од нив, зголемувањето на нивото на јаглерод диоксид и други стакленички гасови во атмосферата, загадувањето на меѓународните води, деградацијата на почвите и ширењето на неразградливи органски загадувачи, се предизвици опасни по живот и кои нè загрозуваат сите нас. Историјата на ПМГ може да се проследи преку пилот и шест последователни оперативни фази (ОФ), кои соодветствуваат со обезбедените финансиски средства од ГЕФ, како процес на глобално и локално адаптивно управување. Како корпоративна програма на ГЕФ, ПМГ, која се спроведува преку Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), ги усогласува своите стратегии за оперативните фази со оние на ГЕФ и партнерите со кои се кофинансира, а обезбедува глобално портфолио на иновативни, инклузивни и проекти за понатамошно влијание кои ги третираат прашањата од областа на глобалната животна средина и прашањата за одржлив развој.

Дејствувањето на локално ниво од страна на граѓанските организации, вклучително и организациите на жените, локалното население, младите и лицата со посебни потреби се сметаат за витална компонента за свикување сојузи со повеќе засегнати страни – чинители со цел да се постигнат глобални бенефити во областа на животната средина и да се даде придонес кон Програмските Одредби на ГЕФ 7, на Стратешкиот план 2018 – 2021 на УНДП, како и на националните приоритети за да се постигнат Целите за одржлив развој на ОН и останатите национални заложби.

Базирана на искуството од преку 26 години успешни активности во преку 133 земји, целта на програмата на ПМГ ОФ7 е „да се промовираат и поддржат иновативни, инклузивни и скалабилни иницијативи, и да се помогнат партнерствата со повеќе чинители на локално ниво за да се справат со глобалните прашања од областа на животната средина во приоритетните континентални и приморски области “.

Целта на овој документ е да обезбеди Национална програмска стратегија (НПС) за спроведување на Оперативната фаза 7 (ОФ7) од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) во Република Северна Македонија во период од 3 години, која започнува во 2019 година, а завршува во 2022. НПС е динамичен документ и ќе биде предмет на редовен преглед и ажурирање, промени и корекции во согласност со стратешките цели и достигнувања од резултатите и целите на ГЕФ ПМГ.