+389 (0)2 3109 956 info@gefsgpmacedonia.org.mk
Повик за поднесување на Предлог проекти за ОФ7 2023-2024

Повик за поднесување на Предлог проекти за ОФ7 2023-2024

Повик за поднесување на Предлог проекти
ГЛОБАЛЕН ЕКОЛОШКИ ФОНД – ГЕФ
ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ – ПМГ
За Република Северна Македонија за ОФ7 2023-2024

Глобалниот еколошки фонд Програма за мали грантови – ГЕФ ПМГ за Република Северна Македонија (Global Environment Facility Small Grants Programme – GEF SGP Republic of North Macedonia) објавува Повик за поднесување на

Предлог проекти во следниве цетрални иницијативи:
Иницијатива 3. Придобивки од пристап до ниско-јаглеродна енергија.
Иницијатива 4. Локални со глобални коалиции за ракување со хемикалии и отпад.
Иницијатива 5. Катализирање на одржливи урбани решенија.
Кои иницијативи ќе содржат активности со резултати и во;
Иницијатива 8. Зголемување на социјалното вклучување (инклузија).
Иницијатива 9. Управување со знаење.
Иницијатива 10. Управување со резултати, следење и оценување.

Право за пријавување имаат законски регистрирани Здруженија на граѓани активни во областа на заштитата на животната средина како и Здруженија кои работат во други области.

Пријавувањето на Предлог Проектите (ПП) се врши според „Напатствија, Критериуми и Формулари за предлог проекти за ОФ7 февруари 2023“ кои може да се добијат по електронска пошта од Канцеларијата на ГЕФ ПМГ со испраќање на електронска порака до info@gefsgpmacedonia.org.mk со предмет (subject):
Напатствија за повик февруари 2023, со текст од кое Здружение се јавувате и на крајот ставете име на лицето кое ја праќа пораката.

Здруженијата кои се пријавуваат, се повикуваат да ги следат Напатствијата и да ги употребуваат дадените формулари. Предложените проектни активности и резултати мора да се во согласност со централна иницијатива 3, или 4 или 5 и да содржи 8, или 9 или 10. Мораат да ги исполнуваат наведените критериуми детално образложени во Напатствијата.

КРАЕН РОК за поднесување на Предлог Проекти по електронска пошта е ДО ПОНЕДЕЛНИК, 29.05.2023 до 16.00 ч.

Очекувана временска рамка на Повикот 2022: Одлучување по поднесените предлог проекти: јуни 2023;
информација за одобрени за финансирање проекти: јули 2023; потпишување на Меморандумски договори:
јули/август 2023; планиран почеток на проектните активности: септември 2023.

НЕМА ДА СЕ ПРИФАТАТ препишани проекти, напишани проекти од лица кои не се членови на Здружението, проекти кои не се напишани во формуларите од ФЕВРУАРИ 2023, кои не се според Напатствијата, нецелосни проекти, кои се пристигнати по електронска пошта ПОСЛЕ крајниот рок.

Повик за поднесување на Предлог проекти за ОФ7 2023-2024

Повик за поднесување Проектни концепти / Предлог проекти за ОФ7 втора година 2021-2022

ГЛОБАЛЕН ЕКОЛОШКИ ФОНД – ГЕФ
ПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ – ПМГ
За Република Северна Македонија за ОФ7 втора година 2021-2022.

Глобалниот еколошки фонд Програма за мали грантови – ГЕФ ПМГ за Република Северна Македонија (Global Environment Facility Small Grants Programme – GEF SGP Republic of North Macedonia) објавува Повик за поднесување на Проектни концепти/ Предлог проекти во следниве цетрални иницијативи:
Иницијатива 3. Придобивки од пристап до ниско-јаглеродна енергија.
Иницијатива 4. Локални со глобални коалиции за ракување со хемикалии и отпад.
Иницијатива 5. Катализирање на одржливи урбани решенија.
Кои иницијативи ќе содржат активности со резултати и во;
Иницијатива 8. Зголемување на социјалното вклучување (инклузија).
Иницијатива 9. Управување со знаење.
Иницијатива 10. Управување со резултати, следење и оценување.

Право за пријавување имаат законски регистрирани Здруженија на граѓани активни во областа на заштитата на животната средина како и Здруженија кои работат во други области.

Пријавувањето на Проектните Концепти (ПК) / Предлог Проектите (ПП) се врши според „Напатствија, Критериуми и Формулари за проектни концепти и предлог проекти за ОФ7 втора година 2021-2022 јули 2021“ кои може да се добијат по електронска пошта од Канцеларијата на ГЕФ ПМГ со испраќање на електронска порака до info@gefsgpmacedonia.org.mk со предмет (subject): Напатствија за повик јули 2021, со текст од кое Здружение се јавувате и на крајот ставете име на лицето кое ја праќа пораката.

Здруженијата кои се пријавуваат, се повикуваат да ги следат Напатствијата и да ги употребуваат дадените формулари. Предложените проектни активности и резултати мора да се во согласност со централна иницијатива 3, или 4 или 5 и да содржи 8, или 9 или 10. Мораат да ги исполнуваат наведените критериуми детално образложени во Напатствијата.

КРАЕН РОК за поднесување на Проектни Концепти по електронска пошта е ДО ВТОРНИК, 03.08.2021 до 16.00 ч.
КРАЕН РОК за поднесување на Предлог Проекти по електронска пошта е ДО ПОНЕДЕЛНИК, 13.09.2021 до 16.00 ч.

Очекувана временска рамка на Повикот 2021: Одлучување по поднесените предлог проекти: октомври 2021; информација за одобрени за финансирање проекти: ноември 2021; потпишување на Меморандумски договори: ноември 2021; планиран почеток на проектните активности: јануари или февруари 2022.

НЕМА ДА СЕ ПРИФАТАТ препишани проекти, напишани проекти од лица кои не се членови на Здружението, проекти кои не се напишани во формуларите од ЈУЛИ 2021, кои не се според Напатствијата, нецелосни проекти, кои се пристигнати по електронска пошта ПОСЛЕ крајниот рок.