Спречување на деградација на земјиштето (примарно обезшумување и ерозија)
Законот за заштита на почвите, како и Националниот Акционен План (НАП) во согласност со барањата на Конвенцијата на ОН за борба против опустинување (UNCCD) се во завршна фаза и чекаат усвојување. Овие документи треба да дадат јасна слика за состојбата со почвените ресурси, ќе ги дефинираат надлежностите и ќе ги утврдат приоритетите во однос на почвата и механизмите и начините на нивно исполнување. ГЕФ ПМГ Република Северна Македонија во координација со УНДП и Mинистерството за животна средина и просторно планирање ќе допринесе во активностите на одржливо управување со земјиште на локално и национално ниво.
Можните активностите на ГЕФ ПМГ Република Северна Македонија би биле во следниве области:
- Зајакнување на капацитетите на локално ниво за поддршка на одржливо управување со земјиште;
- Промовирање на одржливи земјоделски практики, како што е зголемување на различни култури и намалување на ризикот од неуспешно одгледување и разумната употреба на ѓубрива и други агрохемикалии;
- Подобрување при управувањето со земјоделски отпад.