ГЕФ ПМГ Северна Македонија
Во Северна Македонија ГЕФ ПМГ официјално започна со работа во мај 2005. Во периодот 2005 – 2023 финансиски се помогнати 167 проекти со вкупна сума 3,217,387 САД$, генерирајќи кофинансирање во износ од 3,404,628 САД$. При тоа се остварени следните резултати во централните области: Биодиверзитет: In-situ заштитени 15 автохтони и глобално значајни видови: 1. Лилјаци 2. папрат Osmunda Regalis 3. Овца Праменка, 4. Крава Буша, 5/6. Локален вид на јаболка (циганка) и круша (сулија), 7/8. македонска речна пастрмка (Salmo macedonicus) и речен Вретенар (Zingel balcanicus), 9. Македонска пчела (Apis mellifera macedonica), 10. Жолт локвањ (Nuphar luteum), 11. Воден Бивол 12. Шарпланинец, 13. Домашна кокошка сребра, 14. Домашното магаре и 15. Домашната балканска коза Македонска примитивна свиња; Климатски Промени: прв систем за изнајмување на велосипеди (Скопје), прво производство на биодизел од отпадно растително масло, 12 Енергетски ефикасни училишта, енергетски ефикасно осветлување во 8 градови, намалување на 1200 Тони CO2/год, замена на фосилно гориво со биомаса, електрична енергија од сонце, и Неразградливи органски загадувачи НОЗ/хемикалии: околу 30% пластичен комунален отпад не оди на депонија каде ќе согори со што е спречено испуштање на на канцерогени материи во воздухот, селектирани и рециклирани 50.000 кг/год пластичен отпад, собирање и правилно расклопување на користени неонски сијалици, е-отпад; користење на текстилен отпад и користена облека во нови производи, дијагностика и поправка на електронски и електричен отпад – расипани мали домашни апарати, компјутери и мобилни телефони и нивно повторно користење; производство на еко плочки (од отпадна пластика и песок) за надворешно уредување, намалување количество на отпад на храна и дистрибуција кон социјално ранливи групи, крериање на повеќекратно употреблива хигиенска влошка.
Хемикалии и отпад - Локални акции за глобални влијанија
Искуства од Република Северна Македонија
Загриженоста за проширувањето на опасните хемикалии притиска сè повеќе на животната средина и здравјето на луѓето. Сепак, хемикалиите се неопходна компонента на модерниот живот и се користат во речиси секоја индустрија и економски сектор.
Производството и употребата на хемикалиите драстично се зголемија ширум светот, глобалната годишна продажба на хемикалии двојно се зголеми, што укажува на тековно проширување. Еден од најважните предизвици на нашето време е одговорното постапување со хемикалиите и отпадот.
ПОКАНА ЗА ЗАВРШЕН НАСТАН НА ПРОЕКТ
Почитувани, Ни претставува чест и задоволство да Ве поканиме да земете учество на завршниот настан на проектот Промоција на знаења и лекции од проекти и проектни активности на ГЕФ ПМГ за...
Повик за поднесување на Предлог проекти за ОФ7 2023-2024
Повик за поднесување на Предлог проектиГЛОБАЛЕН ЕКОЛОШКИ ФОНД – ГЕФПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ – ПМГЗа Република Северна Македонија за ОФ7 2023-2024 Глобалниот еколошки фонд Програма за мали грантови...
Повик за поднесување Проектни концепти / Предлог проекти за ОФ7 втора година 2021-2022
ГЛОБАЛЕН ЕКОЛОШКИ ФОНД – ГЕФПРОГРАМА ЗА МАЛИ ГРАНТОВИ – ПМГЗа Република Северна Македонија за ОФ7 втора година 2021-2022. Глобалниот еколошки фонд Програма за мали грантови – ГЕФ ПМГ за Република...
Глобален еколошки фонд ГЕФ (www.TheGEF.org)
ГЕФ обединува 184 земји во партнерство со меѓународни институции, невладини организации и приватен сектор со цел да се адресираат глобалните еколошки проблеми истовремено поддржувајќи национални одржливи развојни иницијативи. Денеска ГЕФ е најголем финансиер на проекти кои ја подобруваат животната средина. Како независна финансиска организација, ГЕФ обезбедува грантови за проекти од областите на биолошка разновидност, климатските промени, меѓународни води, деградација на земјиштето и хемикалии/неразградливите органски загадувачи како и подржува интегриран пристап за поддршка на одржливи системи за храна, управување со шумите и одржливи градови.
Од 1991, ГЕФ остварува докажани резултати со земјите во развој и земјите со економии во транзиција, доделувајќи 23 САД$ милијади во грантови и мобилизираше дополнителни 129 САД$ милијарди во кофинансирање преку 5,000 проекти и програми. Преку Програмата за мали грантови, ГЕФ обезбеди поддршка на преку 27000 проекти и иницијативи на здруженија во 135 земји.
Програма на Обединетите Нации за развој (www.undp.org)
Програмата на Обединетите Нации за развој е присутенa во 170 земји и територии со цел да се искорени сиромаштијата истовремено заштитувајќи ја планетата. Им помага на земјите да развијат силни политики, вештини, партнерства и институции за да можат да го одржат својот напредок. Исто така соработува со сите нивоа на општеството за да помогне во изградбата на нации кои можат да издржат кризи и да поттике подобрување на квалитетот на животот за секого. Како развојна агенција na Обединетите Нации игра значајна улога со помош на земјите да ги достигнат Одржливите развојни цели.
ГЕФ Програма за мали грантови ПМГ (www.sgp.undp.org)
Основана на Самитот за планетата Земја во Рио во 1992, ГЕФ ПМГ поддржува здруженија на граѓани – ЗГ во нивните активности кон намалување на климатските промени, конзервација на биолошката разновидност, заштитата на меѓународните води, намалување на влијанието на хемикалиите/ неразградливите органски загадувачи, спречување на деградацијата на земјиштето и истовремено генерирајќи одржлива егзистенција. Ги втемелува основите на одржливиот развој преку „мисли глобално делувај локално“. Овозможува финансиска и техничка поддршка за зачувување и заштитување на животната средина зајакнувајќи ја благосостојбата на заедниците. ПМГ покажува дека локалната акција може да ја одржи рамнотежата помеѓу човечките потреби и еколошките цели. Од своето постоење ПМГ има доделено над 27.000 грантови во 135 земји. Финансирана од ГЕФ како корпоративна програма, Програмата за мали грантови – ПМГ е спроведувана од УНДП.