ГЕФ ПМГ во Македонија

Финансирана од ГЕФ како кооперативна програма, Програмата за Мали Грантови – ПМГ е спроведувана од УНДП и е извршувана од Канцеларијата за Проектни Услуги на Обединетите Нации – УНОПС. ГЕФ ПМГ во Македонија дејствува на децентрализиран начин и е воден од потребите на земјата преку Националниот управувачки комитет – НУК, Националниот координатор и Програмскиот Асистент, и со административна и финансиска поддршка од УНДП и УНОПС. Волонтерскиот Национален управувачки комитет – НУК во Македонија се состои од 12 члена; шест претставници на здруженија, четири експерти за животна средина (Климатски промени КП, Биолошка разновидност БР, меѓународни води МВ, Деградација на земјиште ДЗ), еден претставник на УНДП за ГЕФ и еден претставник за ГЕФ од Министерството за животна средина и просторно планирање. Членовите на Националниот управувачки комитет работат волонтерски без финансиски надомест.

ГЕФ ПМГ во Македонија поддржува Здруженија кои пред сé се активни на полето на заштитата на животната средина, кои во своите активности имаат соработка и вклучување на Единици на локалната самоуправа – ЕЛС и ранливите групи (изолирани заедници, населението во руралните средини, младата генерација и невработените) и чиишто проекти ги опфатиле проблемите на локалното население. ГЕФ ПМГ Македонија програмски делува со помагање на локални активности кои создаваат мерливи резултати во следниве централни области:

1. Заштита на биолошката разновидност (БР): зачувување на загрозените видови во рамките на нивните живеалишта;

2. Заштита на меѓународните води (МВ): намалување и/или ублажување на земјоделските извори кои вршат загадување на водите;

3. Ублажување на ефектите на климатските промени (КП): преку промовирање на енергетска ефикасност и проценка на можностите за користење на обновливи извори на енергија, и промовирање и употреба на алтернативен транспорт, особено во урбаните средини;

4. Борба против деградацијата на земјиштето (ДЗ) користејќи одржливи земјоделски практики и одржливо управување на шуми и овоштарници;

5. Отстранување на употребата на хемикалии / Неразградливи органски загадувачи (НОЗ): подигање на јавната свест за штетноста на хемикалии / НОЗ и намалување на истите преку рециклирање на пластичниот отпад наместо негово согорување;

6. Создавање на партнерство меѓу локалните здруженија и Единици на локалната самоуправа за заедничко делување и соработка за решавање на еколошките проблеми во заедницата

7. Заеднички точки: родова еднаквост, градење на капацитети, зајакнување и подобар живот

ГЕФ ПМГ Македонија е подржувач, промотор и рамноправен партнер во активностите на локално ниво кои доведуваат до зајакнување на капацитетите на учесниците за осознавање и справување со процесот на децентрализација. ГЕФ ПМГ партнерствата и мрежите создадени преку локални акции за решавање на еколошките проблеми претставуваат поддршка, а се пример за останатите програми да ги користат и прилагодуваат.

До ноември 2017 финансирани се 125 проекти (106 предлог проекти и 19 планирачки грантови) со вкупно доделена сума 2.281.400 САД$ и генерирајќи кофинансирање во износ од 2.710.012 САД$. Проектите ги адресираат локалните потреби и при тоа е остварено:

Биолошка разновидност: In-situ заштитени 13 автохтони и глобално значајни видови (1. Овца Праменка, 2. Македонскиот пчела, 3. Крава Буша, 4. Воден Бивол, 5. Жолт локвањ, 6/7. Локален вид на јаболка (циганка) и круши (сулија), 8. Лилјаци, 9/10. речиси исчезнати македонски риби речната пастрмка и речниот Вретенар Zingel балкански, 11. кучето шарпланинец, 13. домашната кокошка – сребра, и 13. Папрат); Заштита и управување со глобално значајни области (кањонот Матка, Вевчански извори, Смоларски водопади); Делегирање на надлежности преку одржлив туризам и управување со заштитените подрачја (кањонот Матка, Вевчански извори),

Климатски Промени: прв систем за изнајмување на велосипеди (Скопје); Промовирање на енергетската ефикасност (поставување енергетско ефикасни светилки за улично осветлување во 8 градови во Македонија) и обновливи извори на енергија (прво производство на биодизел од растително масло во Македонска Каменица), 40 Енергетски ефикасни едукативни објекти (училишта, градинки, спортска сала, интернат за деца со посебни потреби), намалување на 1000 Тони CO2/год.

Неразградливи органски загадувачи – НОЗ / хемикалии: околу 30% од пластичен отпад во Скопје и Југоисточна Македонија е попречено од горење и на тој начин е спречено испуштање на емисиите на диоксини/фурани во воздухот, селектирани и рециклирани 23.000 кг пластичен отпад.

Меѓународни Води (Преспанско Езеро): 30% годишно намалување на количината на пестициди со 1. воспоставување на систем на мерни станици кои ги одредуваат густината на штетниците и го намалува оштетувањето на производството на јаболка и 2. намалување на неконтролираното, недозволиво и опасно депонирање на опаковките од пестициди и вештачки ѓубрива; Воспоставен систем на управување со органски отпад со 3 локации за органски отпад со 5 специјално конструирани контејнери, собирање и рециклирање на 8000 тони органски отпад и производство на 400 тони на компост на годишно ниво.

Процентуалната доделена сума според централната област изнесува: 40% Климатски промени, 34% Биолошка разновидност, 12% хемикалии / неразградливи органски загадувачи НОЗ, 5% Меѓународни води, 3% повеќе централни области и 1% Деградација на земјиште. Што се однесува до бројот на проекти по централна област, областите биолошката разновидност и климатските промени се водечки со 54 и 40 проекти соодветно, потоа следи областа хемикалии /неразградливи органски загадувачи со 14 проекти, па Меѓународни води и Развој на капацитети со по 6, неколку централни области со 3 проекти додека областа деградација на земјиштето е претставена со по 2 проекти.


Табела за преглед на САД$ во централна област, ПМГ Македонија



ГЕФ ПМГ Македонија ВКУПНО 2005-2017 (САД$)


ГЕФ Централна област Вкупно ГЕФ ПМГ МК Кофинансирање
Биолошка разновидност (БР) 1.775.966 782.746 993.220
Климатски промени (КП) 2.007.078 911.084 1.095.994
Меѓународни води (МВ) 1.289.725 126.330 163.395
Деградација на земјиште (ДЗ) 45.186 14.827 30.359
Хемикалии/POPs 517.895 269.012 248.883
Повеќе централни области (ПЦО) 177.006 61.865 115.141
Развој на капацитети 178.556 115.536 63.020
ВКУПНО САД$: 5.991.412 2.281.400 2.710.012

Кофинансирање

Проектите на ГЕФ ПМГ Македонија се со видливи активности, мерливи и видливи резултати како и со можност за самоодржување и по нивното завршување. Овие проекти се резултат на постојаната и успешна соработка со други меѓународни и национални донатори кои се активни во Македонија.

Од мај 2005 година, остварени се соработки со следните меѓународни тела со взаемно паралелно финансирање во готовина и неготовина:

1. Британската Амбасада во Скопје, два проекти во централна област Климатските промени

2. MilieuKontakt International – MKI, канцеларијата во Скопје, од Холандија со четири проекти: два во централна област Климатски промени и два со централна област Биолошката разновидност

3. Австриска Агенција за развој (Austrian Development Agency – ADA), канцеларија за координација на техничката соработка во Скопје, со еден проект во централна област Климатските промени

4. SNV – (Netherlands Development Organisation) Холандска организација за развој во Македонија во централна област на Климатските промени

5. Локалната власт - успешните приказни на ПМГ ја зголемија довербата кон невладините организации од страна на Единици на локалната самоуправа и истата го зголемија своето учество со кофинансирање во готовина во ПМГ проектите.